Добредојдовте на системот за обработка на податоците од броење на сообраќај (TDPS)

Системот за броење на сообраќај вклучува 71 (седумдесет и еден) фиксен бројач на возила кои се поставени на државните патишта во Република Северна Македонија, кои се меѓусебно поврзани на сервер и испраќаат податоци од сообраќајот на секои 24 часа. Оваа веб апликација овозможува пристап до овие податоци користејќи 2 (два) типа на поврзување: API и обработени извештаи, од кои API функцијата е наменета за добивање пристап до необработените податоци од броењето на сообраќај и нивна интеграција во други апликации со различни примени.
Loop Piezo Loop
Извештаи
Типови на формулари

Извештаите кои може да се генерираат по бројачка локација преку овој систем се:

  • Годишни или месечни податоци за сообраќајот (ПГДС, ПЛДС, ПЗДС, итн.)
  • Годишни или месечни сообраќајни показатели
  • Годишна или месечна структура на сообраќај за девет категории на возила
  • Годишна или месечна структура на сообраќај за две категории на возила
  • Годишен графикон за дневна нерамномерност на сообраќајот
  • Годишен број на возила по час
  • Годишен или месечен извештај за брзината на сообраќајот
  • Годишна или месечна структура на сообраќај за просечна брзина за девет категории на возила
  • Годишни или месечни податоци за состојбата на батеријата и грешки (диагностика) на бројачите на сообраќај
  • Годишни или месечни податоци за искористеност на лентата во промили
  • Годишно или месечно просечно растојание во секунди (GAP)
  • Годишна или месечна дистрибуција на брзината за сообраќај


Пристап до модулот за извештаи

Со цел добивање на пристап до обработените податоци во вид на извештаи од броењето на сообраќај во Excel формат, ве молиме контактирајте го ЈПДП на линкот подолу:

Барање за пристап до Извештаи
API

Со цел добивање на пристап до необработените податоци од броењето на сообраќај во JSON формат, ве молиме пополнете го формуларот за барање на линкот подолу:

Барање за API пристап